ПРОСТОРИИ ВО ДОМОТ
1.Кои се просторииво нашиот дом?
2. За што служат просториите во домот?
3.Кој мебел го има во тие простории?
4. Кој се грижи за хигиената во просториите?
5. Како ти се грижиш за својата соба?
Ходник
Кога влегуваме во некој дом, најпрво влегуваме во ходникот.Таму најчесто се наоѓа шкафот за обувки (кондури,сандали, влечки, чизми). Исто така, тука најчесто има закачалка за палта и огледало.
Кујна
Кујната е просторија во нашиот дом во која се готви. Се подготвува доручек, ручек, вечера.Во кујната се наоѓа замрзнувачот(фрижидер), шпорет, кујнски елементи, садопер,чешма,садови,маса, столици и тн.
Трпезарија
Во трпезаријата јадеме.Во неа има маса и столици.
Детска соба
Детската соба припаѓа на децата од семејството.Во неа најчесто има кревет за спиење, шифоњер за чување на облеката, биро за пишување и учење, столче и тн. Во неа децата престојуват кога учат, читаат, играат.