Музички хепенинг Vol. 3

Почитувани,

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес продолжува да ги поддржува младите музички таленти и да прави промоција на истите, токму за таа цел, Ве покануваме на третиот по ред музички хепенинг во амфитеатарот на младинскиот парк.

На настанот ќе настапи новоформираниот рок бенд Циклон составен од 5 члена и тоа:
Вокал: Горан Наневски; соло гитара: Давид Тодоров; бас гитара: Трајче Каров; клавијатура: Владимир Здравев и тапани: Јадран Митев.

Во изминативе неколку месеци тие за кратко време успеаја да освојат повеќе значајни награди меѓу кои и 1-во место на натпреварот на средношколски бендови во Р. Македонија организиран од страна на МАССУМ. Ќе имате можност да слушнете повеќе странски и домашни поп и етно рок хитови.

Настанот ќе се одржи во недела(06.09.2015) и ќе започне во 20:00 часот, повелете заедно да уживаме.

Музички хепенинг Vol. 3

Sunday, Sep. 6th, 8pm

Amfiteatar, Mladinski park, Veles, Macedonia

Veles

For more information, visit the event page on Facebook.